Метеорологија

Метерологијата е научно изучување на атмосферата, со цел предвидување на временските промени. . Временската прогноза ни ја соопштуваат метеролозите кој работат во метеролошка станица. За да ни соопштат метеролозите какво ке биде времето потребни им се мерни инструменти,а тоа се ветроказ,барометар,термоометар и анемометар.Ветроказот го покажува правецот на ветерот.Барометарот го покажува воздушниот притисок.Термометарот ја мери температурата на воздухот.Брзината на ветерот се мери со анемометаар.Овие инструменти се сместени во метеролошки кукички на отворен простор.Освен податоците добиени од овие инструменти,метеролозите користат и податоци кои ги добиваат преку сателит. За временските промени дознаваме од временските прогнози кои ги добиваме прекуу телевизијата,радиото и дневниот печат.Временските прогнози се особено важни за'земјоделците,пилотите,морнарите,извидниците и други.


Клима и климатски фактори

     Образувањето на климата над некое место зависи од бројни и разновидни фактори, кои со заедничко име се нарекуваат климатски фактори. Меѓу нив најголемо значење имаат сончевата радијација и циркулацијата или смената на воздушните маси. Но, климата многу зависи и од физичко - географските фактори и услови на одредено место или територија:
Географската ширина е еден од најважните климатски фактори. Нејзиното влијание е големо врз температурата и влажноста на воздухот. Тоа се должи на различното количество на сончева топлина што ја примаат пределите со различна географска ширина. Најмногу топлина примаат местата во екваторскиот појас, а најмалку во поларните области. Значи, со порастот на географската ширина, температурата на воздухот по правило опаѓа, а со тоа климата станува поладна.
Копнените и морските површини имаат различно влијание на климата. Во летната половина од годината, морињата и океаните акумулираат многу повеќе топлина отколку копното. Затоа преку зимата, воздухот над морските површини е потопол, а над копнените постуден. Овие карактеристики се одразуваат и над климата. Во оние предели каде преовладуваат океанските воздушни маси, летото е посвежо, а зимата потопла, а во пределите под влијание на континентални воздушни маси е обратно. Освена тоа, областите кои се поблиску до море примаат поголеми количества на врнежи.
Морските струи највеќе влијаат врз температурата на воздухот. Ладните морски струи ги разладуваат крајбрежните области, а топлите ги загреваат.
Релјефот влијае на климата преку надморската височина, со правецот на протегање на планинските вериги и широките речни долини, со разместеноста на превоите, отвореноста на низините и со котлинскиот релјеф.
Растителниот свет, а особено шумите, имаат доста големо влијание врз климата. Оголеното земјиште во текот на денот побрзо се загрева и побрзо се лади отколку земјиштето што е покриено со вегетација. Затоа растенијата влијаат на смалувањето на дневното и годишното колебање на температурата. Шумите влијаат врз зголемување на испарувањето и на влажноста на воздухот, како и на правецот и брзината на ветровите. Во шумските предели паѓаат поголеми количества врнежи.
Човекот влијае на климата со своите активности: непланското сечење на шумите, загадувањето на воздухот итн.


Светска метеоролошка организација


Светската метеоролошка организација (на англиски: The Meteorological Organization- WMO ) или СМО е меѓувладина организација во која членуваат 188 држави членки и територии. Организацијата произлегува од поранешната Меѓународна организација за метеорологија (на англиски:International Meteorological Organization (IMO) ), којашто била основана во 1873. Светската организација за метеорологија, основана во 1950 година, е специјализирана агенција на Обединетите нации за метеорологија (време и клима), оперативна хидрологија и поврзани геофизички науки. Седиштето на организацијата се наоѓа во Женева, Швајцарија. Сегашен претседател е Александар Бедрицки, а Генерален секретар Мишел Жаро. Во јуни, 1976г. СМО предупреди дека постои можност од значајно глобално затоплување, како резултат на шпекулациите од страна на репортерите за појавување на Мало ледено доба.
 


Занимливи фотографии

/album/photo%20gallery%3a%20dje%d1%98nost/nature-205-jpg/
/album/photo%20gallery%3a%20dje%d1%98nost/a9-89-jpg/
/album/photo%20gallery%3a%20dje%d1%98nost/blesk-jpg/
/album/photo%20gallery%3a%20dje%d1%98nost/campagne-009-jpg/

—————